Преглед на вести од светот
Германија продолжува да се бори со поплавите по обилните врнежи кои ги нарушија железничките услуги и принудија илјадници да се евакуираат. Најпогодени се провициите Баварија и Баден Виртемберг. Канцеларот Шолц посети дел од поплавени места.
„Ќе направиме се што можеме, исто така со федерална помош, за да продолжиме да помагаме овде брзо. Многу спасувачи од целата земја и армијата се веќе во областа, а потоа, секако ќе ја примениме вообичаената практика на солидарност што ја имаме во Германија. Ова го направивме на многу, многу случаи во Германија и истото ќе го направиме и овде. Така треба да биде и тоа е она за што е Германија, изјави Олаф Шолц, канцелар на Германија..
Мексиканците за првпат во историјата избраа жена за претседател. Да живее Мексико. Нема да ве изневерам беше првата порака на 61 годишината Клаудија Шејнбаун која на вчера одржаните избори за шеф на државата убедливо победи со освоени меѓу 58 и 60 отсто од гласовите. Шејнабуан беше кандидатка на владејачката левичарска партија Морена. Во побендичкиот говоор вети дека ке продолжи да се надвзрува на напредокот направен од претседателот во змаинување и нејзин политички ментор Лопез Обрадор. Шејнбаум е научничка за клима и поранешна градоначалничка на Мексико Сити,
Владејчајата Српска напредна странка прогласи победа на вчера одржаните локални избори во Србија. Се гласаше во 89 градови и општиниа СНС победи во 85. Во Белград освои 64 одборнички места, од можни 110, според што идниот градоначалник на Белград ќе биде Александар Шапиќ. во Нови Сад, СНС освои 53 отсто на гласови и тука ќе ја формира својата власт. Во Белград повторно се гласаше откако по изборите на 17 декември опозицијата ја обвини власта за изборна кражба, а меѓународните набљудувачи заклучија дека имало нерегуларности, што доведе до политички тензии во земјатаЕдинствениот град во кој СНС не победи е градот Ниш. Опозицијата прогласи победа во Ниш, изјавувајќи дека промените почнуваат од југот.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
