Македонија
3. May 2024 - 16:41
Христијаните го празнуваат Велики петок
Со строг пост, во мир и во молитви христијаните го празнуваат најтажниот ден во годината Велики петок, денот на распетието на Исус Христос. Традицијата налага дека денеска не се извршуваат домашните обврски.
Црквите денеска беа полни со верници. Христијаните палеа свеќи и се молеа за здравје и благосостојба.
Денеска е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед, а во понеделник, вториот ден Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани во државата.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
