Претседателски избори критиката за противкандидатот најдобар адут на партиите за својот фаворит
Критика и квалификации за противкандидатот е нејголемиот адут на партиите за да го промовираат својот претседателски кандидат.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се препукуваат кој повеќе ќе ја блокира Македонија во ЕУ поради односите со Бугарија ако стане шеф на државата: Пендаровски или Силјановска?
Самиот Пендаровски кажа дека откако историските комисија од двете држави ќе се согласат за одредена личност тоа треба да го прифатат двете влади, ако двете влади не се согласат, тогаш следува вето од Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ.... Стево може да побара одобрување или да најде изговор или нова интерпретација, но фактот дека тој и СДС и ДУИ ја заглавија Македонија нема да се смени. Стево Пендаровски е најконфузниот политичар кој некогаш бил избран на било каква функција во Македонија. Со Стево Пендаровски имаме измеќар на СДС и ДУИ.
Гордана Силјановска и Христијан Мицкоски се две страни од иста паричка, паричка за поткусурување на европската иднина на Македонија. Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, а знаат дека тоа нема да го добијат со Силјановска. Напротив, нејзиниот избор би значел враќање назад и оддалечување од патот кон Европската Унија. Мицкоски и Силјановска отворено кажуваат дека се подготвени да не прават ништо и на тој начин да ги блокираат преговорите со Европската Унија
Слични пораки и во албанскиот табор: кој навистина и ја отвората варата на Русија во Македонија: Бујар Османи на самитот на ОБСЕ или Таравари во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Бујар Османи е едноставно курбан без бајрам на ДУИ на овие избори. Тој никогаш не може соодветно да ги претставува Албанците. Пациентот Бујар Османи не може да победи против доктор Таравари, бидејќи Таравари ВРЕДИ, а Бујар лаже. Пациентот Бујар Османи не може да има полна уста со Европа бидејќи тој беше првиот политичар на нашиот континент кој по руската агресија во Украина, ја отвори вратата и во Скопје ја пречека десната рака на Владимир Путин, Сергеј Лавров.
„Свесни за длабокиот пораз од Демократската унија за интеграција, коалицијата “ДА за Европа, НЕ за Русија“ се сомнева дека коалицијата составена од деривати на ДУИ веќе го подготвила сценариото во служба на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за да не го прифатат изборниот резултат и со тоа да предизвикаат дестабилизација и конфузија во јавноста, во служба на Русија. Во оваа насока беа и претходните изјави дека “опозицијата ќе ги бојкотира изборите“, за денеска да обвинуваат дека “ДУИ подготвува дестабилизација“.“, коментираат од ДУИ.
Кампањата за претседателските избори официјално почнува на 4 април.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
