Македонија
12. March 2024 - 16:36

Ѓуровски: На ликовите како Џејмс Бонд и Кум не им е место во МПЦ

Соработници на незападните разузнавачки служби носат одлуки во Македонската православна црква, трвди професорот по безбедност Марјан Ѓуровски. Тој вели дека тоа е констатирано според докази и сознанија на службите на земјите членки на НАТО, но и од безбедносните структури на нашата држава и носи опасност по целосно затворање на црковното прашање. 

Професорот посочи дека на порталите се ширеле лажни вести поврзани со името, но и признавањето на МПЦ-ОА, кои во пракса придонесувале за поделба на населението. Решение на оваа ситуација гледа во зголемувањето на јавните настапи на Светиот архиерејски синод, а предупредувањата од НАТО да се сфатат сериозно. 

Ѓуровски предупредува дека патот за добивање на Томосот, црквата треба внимателно да го изоди, а граѓаните да не бидат склони на поделби.

На денешната дебата на Филозофскиот факултет беа дискутирани и други прашања поврзани со влијанието и улогата на религијата во современото општество.