Македонија
9. March 2024 - 16:54

Поскапа вода во Струга

Нов ценовен шок за стружани. Поскапеа сметките за вода, тие се повисоки за 35 проценти за граѓаните додека за фирмите дури 57. Хотелиерите реагираат на ваквата одлука, тие посочуваат дека новиот удар ќе се одрази врз бизнис секторот како и врз работењето на туристичките работници.

Граѓаните исто така се гневни, велат секојдневно се соочуваат со нови поскапувања, како со сметки така и со храната па не знаат како ќе го поминат месецот.

Од Јавното водоводно претпријатието од Струга, пак на став дека цената на водата не ја определува општината, туку Регулаторната комисија врз основа на податоците и трошоците што ги доставила локалната власт.