Македонија
8. March 2024 - 12:21

Голем број туристи од соседството за 8 Март во Охрид

Туристи од соседството пристигнаа во главниот туристички центар за денот на жената, но голем дел од граѓаните од Охрид ги откажаа патувањата поради немање на патни исправи за кои чекаат со месеци. Некои од патниците за осмомартовските аранжамани ги презакажале резервациите а некои пак разочарани воопшто не заминаа на закажаните патувања.

Радува тоа што според најавите од туристичките работници за ова лето се очекува добра сезона и зголемен број на резервации и од дестинации кои за првпат доаѓаат во нашата земја.

Од агенциите се надеваат дека состојбата ќе се стабилизира пред почетокот на летната сезона за да се амортизира негативното влијание од сегашните откажувања на патувањата за празниците како и за раната летна сезона.