Се повеќе бездомни лица во Охирд
Бездомници и лица кои питаат и натаму се секојдневие во Охрид .И доколку во минатото ваквата слика можеше да се види само во текот на летната сезона и бевме уверувани дека најчесто најчесто доаѓаат од другите градови сега ги има во текот на целата година а проблемот се продлабочува. Тие бараат сместување во напуштени објекти и куќи, а често можат да се видат и како буквално спијат на улица или до некоја клупа, или зграда. Со оглед на тоа што во градот никој не води евиденција официјална бројка колку ги има на број нема .
Охрид никако да добие прифатен центар каде ќе може да се згрижуваат бездомните лица. Иако станува збор за иницијатива стара десетина години за приспособување на еден објект каде привремено ќе се згрижуваат луѓето, кои поради несреќи останале без дом од сето тоа се уште ништо.
Надлежните посочуваат дека потребно е системско и одржливо решение за да се стави крај на оваа појава која од година во година станува се побројна.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
