Македонија
1. March 2024 - 16:34

Вистинска драма за спорниот ДУП во Ѓорче Петров, се испокараа и советниците, и граѓаните

Вистинска драма се случуваше денеска во Советот на Општина Ѓорче Петров, на третата вонредна седница свикана со една точка на дневниот ред - предлог одлука за суспендирање на дел од ДУП-от кој предвидува изградба на 50 згради и три индустриски капацитети.

Иако имаше кворум за свикување на седницата, сепак немаше мнозинство за итност за одржување на истата. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Демократски сојуз, вкупно 12 на број, гласаа против итноста за одржување. Атмосферата континуирано беше тензична.

Во кавгата се вклучија и граѓаните, кои пак велат дека 50 години чекале да го изгласаат овој ДУП.  

Дел од жителите на Ѓорче Петров, кавгата со советниците си ја пренесоа и надвор од општинската зграда.

За потсетување, претходно изгласаниот ДУП ги скара Арсовска и градоначалникот Стојкоски. Актуелната градоначалничка на Град Скопје обвини дека без согласност на градот биле донесени измените на ДУП-от, а пак градначалникот тврди дека се си е согласно законот. Градоначалничката најави кривични пријави против Стојковски, и Бочварски, а од Уставен ќе побара со времена мерка да ја запре примената.