Фалат работници во туристичкиот сектор во Охрид
Охридската ривиера, повторно се соочува со сериозен проблем, недостаток на квалификуван персонал во хотелско-угостителските објекти.Речиси и да нема ресторан или хотел кој не е во потрага по келнери, шанкери,кувари и собарки па со
сезонски работници од Непал ,Филипини и Малта ќе се надополнува кадарот.
Овој проблем започна да се појавува последниве години со масовното заминување во Хрватска и Германија за повисоки плати.
Добрите познавачи сметаат дека треба да се работи на квалитет а не на квантитет во туризмот .
Професорите од факултетот за туризам сметаат дека кадрите кои се едуцираат треба да можат да одговорат на потребите на современиот туризам, особено што Охрид е се повеќе посетен од странски гости кои очекуваат услуга по највисоки стандарди, а не импровизации кои се уште се присутни во нашето угостителство.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
