Македонија
16. February 2024 - 16:35

Граѓаните кои што се сликале во МРТВ и ПС Пролет во понеделник ќе добиваат СМС пораки кога им се готови пасошите

Сите граѓани кои се сликале за пасош во МРТВ и П.С. Пролет, а се уште не ги подигнале, од понеделник ќе почнат да добиваат СМС пораки кога им се готови. Освен преку СМС известување, ќе може и на веб страната mvr.gov.mk да се провери дали им готови пасошите. Кој нема да добие порака, да не оди во пукнтовите да проверува, за да не се прави гужва, апелираат од МВР.

Сообраќајните дозволи и возачките пак, кои Владата уште од вторникот најави дека ќе бидат на нивни трошок, граѓаните се уште си ги плаќаат сами. Во станиците за техничките преглед во кои направивме обиколка, велат уште не им е официјално соопштено дека не треба да им ги наплаќаат на возачите.

На некои им се брза, па морале да си платат сообраќајна со Северна Македонија за да излезат од земјава.

Одлуката за бесплатни сообраќајни дозволи вчера беше објавена во службен весник, а денес веќе треба да стапи на сила. Но, сепак граѓаните самите ќе треба да ги покријат административните такси.

За возачките и сообраќајните дозволи пропишана е административна такса која се наплатува, согласно законот за административни такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел. МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа, соопштија од ресорното министерство.

Цената за административните такси за сообраќајна дозвола чини околу 110 денари, а за возачка неважечка возачка дозвола е 170 денари.

Кризите во којшто се живее на светско, домашно и регионалано ниво бараат комуникација меѓу  политичари и партии коишто навистина дење-ноќе ќе изгледаат дека бараат решенија не како политички партии коишто дење-ноќе изгледаат дека бараат некакви финти некакви трикови и некакво рециклирање на комуникација која што е полна со говор на омраза.

Така што се пропушта правилната комуникација да оди напред, се живее од денеска за утре односно се дејствува од денска за утре, и се смета дека колку по силни, лоши тешки зборови со говор на омраза користите, толку ќе бидете подобро прифатени.

Политичаритре се на врвот на пирамидата поттикнувачи на говорот на омраза во општеството. Тоа сум го кажал повеќе пати, сакам да го потенцирам не за да ги осудиме туку да разберат дека мора да се променат.  Ако граѓаните, секој од нас гледа дека нивните претставници кои што ги носат законите во Собранието, што ги спроведуваат во Владата, во локалната самоуправа буквално не се воздржуваат да кажат било каков лош збор, збор со омраза, збор со напад, збор што потикнува агресија каква порака праќаат на обичните граѓани какви што сме сите? Дека ние можеме да бидеме уште толку охрабрени да ги користиме овие наративи, бидејќи они што тртеба да ги почитуваат и носат законите не го прават тоа.