Зголемен интерес за вакцинација и во Охрид
Зголемен интересот за вакцинација поради голема кашлица. Родителите од Охрид поитаа да ги вакцинираат децата по најавите дека ќе биде прогласена епидемија но и препораката на здравствените власти да не се примаат невакцинираните во градинките. Процентот на опфат на децата во охридско со првите три дози е добар и е над 90%.
Првите симптоми вообичаено се јавуваат од 7 до 10 дена по инфекцијата. Педијатрите посочуваат дека е важно да се зборува со родителите за значењето на редовната вакцинација на децата во секое време, не само кога има епидемија. Низок е опфатот и со втората ревакцинација на 7 годишна возраст, кој изнесува 77%.
Во меѓувреме градинките следејќи ги препораките на Комисијата за заразни болести да не се примаат невакцинирани и делумно вакцинирани деца побараа родителите да ги ажурираат податоците за вакциналните картони.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
