Охрид: 46 годишен маж оставен сам
46 годишниот Игор Трајчески од Охрид кој има полесна попреченост а боледува и од епилепсија по смртта на својата мајка оставен на милост и немилост.Моментално за него се грижи пријател на неговите родители но бара да му се помогне. Иако тој и соседите се обратиле до сите надлежни институции тие се изјасниле за ненадлежни а неможат да најдат контакт ни од неговите најблиски.
Станарите кои живеат во истата зграда стравуваат за својата безбедност но и загрижени за животот на охриѓанецот.
В.д директорот на Центарот за социјални работи Игор Еленчески во телефонски разговор за Сител истакна дека е запознаен со овој случај и направени биле напори да се изнајде некаково решение , тој тврди дека институцијата не се оградува од овој проблем ,но смета дека најнапред здравствените работници треба да ја утврдат неговата здравствена состојба за потоа координирано да постапуваат и да се изнајде начин каде да се згрижи.И од Црвениот крст посочуваат дека потребно е трајно решение за овој случај а не грижа на неколку часа од страна на негуватели.
И тука се отвора прашањето што се случува со ваквата категорија на лица,колку е потребно државата да изнајде начин и превентивно да делува додека не се изнајаде целосно решение.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
