Набиена собраниска агенда, се брза да се изгласаат закони до распуштањето на парламентот
Со три свикани пленарни седници, 8 комисии во само еден ден, законодавниот дом забрзано пред распуштање работи да се заврши се што заостанало. Со 62 гласа „за“ единствено помина Законот за националната развојна програма, за кој и власта и опозицијата сметаат дека е важна за државата.
Иако од мнозинството сметаат дека се бил во нормален тек на работа, опозицијата обвинува дека со техничка влада не треба да се носат закони како на брза лента.
Комисијата за политички систем даде зелено светло пред пленумот да се расправа за Законот за помилување со кое се кратат надлежностите на претседателот на државата. Но пратениците се единствени дека мора да се слушне и експертската јавност пред да се гласа по него.
На комисијата за европски прашања помина уште еден од предложениот пакет закони за администрација, но останува за расправа уште еден од законските решенија, предложени од министерот за информатичко општество Азир Алиу, како услов за останување на министерската позиција.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
