Грипот зема замав во Охрид
Грипот зема замав и во Охрид.Најпогодени се лицата на возраст од 15 до 40 години .Неделно се евидентираат по четириесеттина нови случаи на заболени,но од центарот ја јавно здравје велат дека бројот е драстично поголем со оглед на тоа што дел од заболените се лекуваат дома и небараат лекарска помош.
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Епидемиолозите препорачуваат вакцинација на целото население, особено на лица од ризичните групи - лица над 65 години, деца, лица со хронични болести, бремени жени, како и здравствени работници.
Болните се жалат на висока температура, кашлица која трае подолго време, болки во мускулите, омалаксаност, намален апетит , дехидрираност и респираторни потешкотии.На крајот на февруари се очекува пикот на сезоната на грип па докторите велат дека потребно е да се конзумира здрава храна, повеќе течности и физичка активност на чист воздух.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
