Македонија
2. February 2024 - 12:16
Со видео надзор Охрид ќе се бори со загадувачите
Со поставување на видео надзор на 30 критични црни точки низ градот ќе се намалуваат дивите депонии. Од ЈП Комуналец велат дека изминативе години се соочуваат со голем предизвик, на најразлични локации секојдневно никнуваат депонии, и покрај тоа што се преземаат напори за нивно расчистување после тоа несовесните граѓани повторно одлагаат отпад.
Новитет во комуналното охридско претпријатие е воведување на бенифициран стаж за вработените од овој месец годинава. Наместо за 12 месеци годишно вработените со тешка работна позиција на терен ќе се пресметува стаж од 14 или 15 месеци.
Со оглед на тоа дека просечната старост на возилата изнесува 20 години, од ЈП велат се работи и на обновување на возниот парк.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
