Народниот правобранител нотира нехумани услови во КПУ Идризово
Народниот правобранител влезе во затворот Издризово. Откако Сител објави дека затвореничките од затвореното одделение две недели живеат во нехумани услови, стручни лица затекнале катастрофални услови. Мувлата и влагата ја имало во сите постории, а хигиената била на минимално ниво. Народниот правобранител Насер Зибери за Сител потврдува дека иако самите затекнале нехумани услови во затворот, Управата ги уверувала дека проблеми во моментов нема.
И министерот Лога добил известување за случувањата во Идризово, но од правда велат дека нема најави дека штрајкот со глад ќе се реализира. Но до каде е најавата за изградба на нови капацитети во комплексот Идризово, одговор требало да даде Управата за извршување санкции.
Во моментов нема штрајк со глад и во тек се обуки во организација на невладин сектор за подобрување на информатичките вештини на осуденичките.Со цел да се подобрат условите за издржување на казните во најкус можен рок ќе се изврши и реновирање на некои простотии во женското одделение, велат од Министерството за правда.
А откако 50-тина затворенички од Идризово се заканија дека ќе стапат во штрајк со глад ако не добијат хумани услови за престој, Сител дознава дека револтот се прелеал и во машкиот дел. И таму се собирале потписи за петиција, но од Управата за извршување санкции не одговараат на нашите прашања, да кажат што навистина се случува.
По Идризово и осудениците од затворот Штип велат реагираат дека условите се катастрофални.
Во последниот извештај за напредокот на Македонија и ЕК нотира дека државава сè уште треба да ги спроведе препораките од Европскиот комитет за спречување тортура објавени уште во 2021 година. Забележано е и загрижувачко влошување на безбедносните услови во затвореното одделение во „Идризово“, а условите остануваат нехумани.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
