Македонија
30. January 2024 - 16:35

Продолжува собраниската расправа за Ана Павлоска Данева да стане уставен судија

Изборот на Ана Павловска Данева за уставен судија заглави во расправата на нејзината биографија. Пратениите од власта и опозицијата не ја оспоруваат нејзиното академско достигнување, но ВМРО ДПМНЕ вели дека недозволиво е поранешен потпретседател на СДСМ да се седне на судиската фотеља. За мнозинството пак нема никаква пречка Павловска Данева да стане уставен судија.

Со само двајца пратеници од мнозинството во салата, опозицијата побара седницата за избор на уставен судија да биде прекината бидејќи не е приоритет, особено во предизборие, а да се продолжи со избор на член на ДИК.

Доколку помине изборот на професорката од правниот факултет Ана Павловска Данева, Уставниот суд ќе се комплетира, откако повеќе од две години функционира без сите уставни судии.