Владите на Димитриев и Спасовски траеја повеќе од 100 дена - Колку ќе трае техничката влада на Џафери?
Колку ќе трае Владата на Џафери? Иако законскиот рок е само 100 дена, праксата покажува дека техничките влади го надминуваат овој период.
Емил Димитриев беше првиот што ја доби премиерската фотелја по Пржинскиот договор во 2015 година. Во најтешка политичка криза, неговата Влада беше избрана само со гласовите на тогашното мнозинство ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ. Но, во нејзе седнаа и договорените министри на СДСМ. Од јануари 2016 година, Димитриев, поради одложувањето на изборите на два пати, остана на оваа функција речиси година ипол.
Вториот технички премиер Спасовски, пак, мандатот го доби во јануари 2020 година и таму остана 8 месеци. Спасовски вели, ситуацијата од 2015 година е многу променета, а работата на техничката влада олеснета бидејќи, според него, сега имаме демократски и функционални институции што можат да организираат фер и демократски избори.
Но, и двајцата поранешни премиери велат дека личниот предизвик е најмногу во работата со министрите што доаѓаат и од редовите на политичкиот опонент. Спасовски дури и побара разрешување на Рашела Мизрахи која тогаш беше технички министер за труд и социјала.
Според последните измени на Законот за Влада, по истекот на 100 дена од изборот на преодната влада мандатот на техничките министри и дополнителните заменици престанува по автоматизам.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
