Мицкоски: Изборите на 8 мај ќе бидат клучни за Европската иднина на Македонија
Изборите на 8ми мај ќе бидат клучни за тоа во кој правец ќе се движи Македонија и нејзината европска иднина. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од панел дискусијата организирана од Паневропската унија на Македонија порача дека изминатите 30 години земјава се соочи со пречки на патот кон Унијата како ни една друга држава. Неисполнетите европски ветувања Мицкоски оценува дека во најголем дел се резултат и на криминалите и корупцијата кои цветаат во државата.
И пред Европската Унија е изборна година која ќе го забави проширување, но тоа не значи дека треба да забават и реформите. Бројни ќе бидат предизвиците пред земјите кандидати следните гоини и на економско поле, оценуваат универзитетски професори и првиот човек на Стопанската комора.
Меѓународната конференција „Следно големо проширување на Европа- придонес за мирот или предизвик за стабилност на Европа?“ беше организирана од Паневропската унија на Македонија со која беше одбележано и нивното 30-годишно постоење.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
