О'Брајан: Друг пат, освен европскиот ќе ја успори земјата на патот кон ЕУ
Изборите што следат се многу важни и затоатреба сите да земат учество и јасно да кажат дали се патот кон ЕУ кој има перспектива или пак, за пат што не е опишан и реално е прашањето дали воопшто постои. Ова е пораката што ја испраќа помошникот државен секретар за Европа и Евроазија на САД Џејмс О Брајан во своето интервју за МИА. Американскиот дипломат од ноември втор пат е во посета на земјава и ги испраќа истите пораки, главно насочени кон опозицијата која се противи на уставните измени под бугарски диктат.
„Сметам дека изборите претставуваат јасен избор помеѓу луѓе кои имаат пат кон Европа и луѓе чие минато покажува дека не се заинтересирани за пристапување во ЕУ. Затоа е особено важно сите да земат учество и јасно да ги искажат своите ставови. Како што кажав во текот на мојата претходна посета во ноември, важно е да се прашаат кандидатите каков им е планот за во иднина....Има еден пат што е означен, тој е контроверзен, и секој граѓанин треба да донесе сопствена одлука. И постои пат што не е опишан и реално е прашањето дали воопшто постои или само претставува погоден начин за да се избегне да се каже дека всушност нема пат“, вели О брајан во интервјуто.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека не треба да постои сомнеж дека партијата е проевропска оринтирана, а за решенија за уставните измени го упатуваат О Брајан да ја види нивната изборна програма.
„ВМРО-ДПМНЕ докажано секогаш била проевропски ориентирана, а во однос на главното прашање со Бугарија, ВМРО- ДПМНЕ има прецизни решенија коишто ќе бидат дел од изборната програма, каде до граѓаните ќе понуди решенија и за сите други прашања за коишто граѓаните повеќе се заинтересирани, како што се решенија за економски раст, справување со инфлацијата, решенија за силна економија, решенија за поквалитетно образование, за безбедно и достапно здравство, za борба со криминалот и корупцијата, решенија за справување со мафијата.. Затоа што никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме.“
Помошникот државен секретар и со порака до албанската опозициски фронт на Меџити, Касами и Гаши. О Брајан упатува да нема поделби во албанскиот блок за ЕУ перспектива.
„Како човек кој се грижи за интересите на САД во регионот, можам да кажам дека е важно граѓаните на Северна Македонија да имаат можност да дадат јасен глас околу нивната континуирана посветеност на патот кон Европа. Сметам дека колку повеќе е фрагментиран политичкиот простор, толку понејасна ќе биде пораката. Сепак, ова е одлука што треба да ја донесат политичарите и граѓаните“, коментира О Брајан.
Од Европскиот фронт за промени засега без коментар на ваквите изјави од американскиот дипломат.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
