Дали Таравари ќе се приклучи на Европскиот сојуз за промени?
Се уште е неизвесно дали Таравари ќе влезе во коалиција со Меџити, Касами и Гаши. Од Европскиот сојуз за промени велат дека се во комуникација со Алијанса, а вратата за партијата да се приклучи на претстојните избори останува отворена.
„Таа покана која ја испративме пред нова година се уште е отворена за Алијанса на Албанците. Што побрзо се приклучат, тоа е подобро и за победата на идните избори. Победата е сигурна, но нивното учество би било крај на ДУИ. Имаме комуникација“, вели Фари Хисени, портпарол на ЕСП.
Тројцата лидери Меџити, Касами и Гаши и денеска ги продолжуваат средбите со американски конгресмени во Вашингтон на кои според партиските соопштенија фокус е подршката за европската интеграција на земјата.
Од коалицијата велат дека ова е дирекна порака дека трите партии се проевроспки и проамерикански ориентирани.
„Во рамки на посетата се одржуваат службени состаноци со сенатори и тоа е конкретен апел и порака дека сите тие двоумења накај каде тежнееме и каде сме ориентирани како сојуз, да се тргне таа магла“, вели Хисени.
За вчерашната средба Ковачевски, Заев и Ахмети од Европскиот сојуз за промени велат дека се работи за нормална средба на која владините коалициски партнери зборувале за нивните неуспеси во водење на државата.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
