Loading Video...
Свет
18. January 2024 - 16:39

Преглед на вестите од светот

Два дена по иранските воздушни напади, Пакистан претпладнево возврати со напади врз цели во Иран. Цел биле терористички засолништа во провинцијата Систан – Белучистан соопшти палестинскоот министерство за надворешни работи. Иранските власти остро ги осудија нападите, велејќи дека девет цивили биле убиени.  

Врз основа на добиените информаци 4 деца, три жени и двајца мажи, кои не биле државјани на Иран, загинаа во експлозија што се случи во село на три до четири километри од границата со Иран, изјави Ахмад Вахиди, министер за внатрешни работи на Иран.

Во вторникот Иран нападна цели во пакистанската провинција Балучистан, велејќи дека целта била иранската терористичка група Џаиш ал Адл. Кина се понуди да поседува за ублажување на напнатоста помеѓу Иран и Пакистан поради страв од натамошна ексалација. 

Иран и Пакистан се блиски соседи, пријателски земји на Кина и земји со важно влијание. Кина искрено се надева дека двете страни можат да одржат смиреност и воздржаност и да избегнат ескалација на тензиите. Доколку има потреба од двете страни, ние сме исто така подготвени да одиграме конструктивна улога во ублажувањето на ситуацијата, истакна Мао Нинг, портпарол на министерството за надворешни работи на Кина. 

Соединетите држави извшија нови напади врз цели на Хутите низ Јемен во текот на ноќта, само неколку часа откако Вашингтон ја прогласи бунтовничката група Хути како глобална терористичка организација.

Околу 14 ракети на Хутите за кои американската команда на Блискиот исток  вели дека биле подготвени за напади врз меѓуанродните бродови во Црвеното Море, биле погодени од ракети Томахавк истрелани од бродови на американската морнарица.

Вчера попладе Хутите го нападнаа американскиот брод носач Генко Пикарди во Аденскиот Залив како одговор на израелската воена операција во Газа. Хамас објави дека 93 лица загинале во израелските напади синоќа и утринава во појасот Газа, а израелскиот воен портпарол Даниел Хагари соопшти дека во изминатите 24 часа се убиени 60 борци на Хамас.  

Со уредба на Централната банка на Косово од 1 февруари еврото е единствена валута за платежни транскации во Република Косово. Српските заедници во Косово користеа и динар, официјалната валута на Србија. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ оцени дека нејзиниот косовски колега Албин Курти со ова не придонесува за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, туку напротив убива секаков вид на дијалог.