Крајни рокови и експресна постапка за избор на техничка влада
Крајни рокови и експресна постапака. Власта ја одбра стратегијата за тоа како ќе ја води процедурата за избор на техничката влада пред избори. Последните нефоцијални информации се дека до крајот на неделава ќе има состанок меѓу собранискиот спикер Џафери и премиерот Ковачевски за тоа кога точно ќе ги поднесат оставките од овие две позиции.
Првичниот план,според ивори од владејчките партии, е тоа да го направат од 24 до 26 јануари. Нивните оставки пак, да бидат констатирани на нова седница што треба да биде закажана ден подоцна. На оваа седница ќе треба да се избере и нов претседател на Собранието. За ова место СДСМ го предложи координаторот Јован Митрески.
Тоа би значелот дека Џафери, кој е предложен за технички премиер, ќе го добие мандатот од шефот на државата Пендаровски наредниот петок или сабота. Веднаш потоа, тој ќе мора да предложи програма и состав на својот владин кабинет. Седницата за избор на техничката влада би била закажана викендот 27 или 28 јануари.
Собранието треба да се распушти до средината на февруари.
И опозицијата ќе ги користи крајните рокови за да ги одреди своите претсваници во техничката влада – двајца министри и тројца заменици. Партиските тела во ВМРО-ДПМНЕ ќе заседаваат по Водици.
Но, од опозицијата не ја пропуштија шансата да упатат последни пораки до Џафери за тоа како треба да го води идниот премиерски мандат.
Во наредните 10 дена се очекува да се направат и последните одлуки кај албанските партии од власта, однсоно дали ќе има проевропска коалиција СДСМ-ДУИ, и каков став ќе заземе Алијанса на Таравари: да коалицира со Ахмети, или пак, да застане на опзоциската страна со Европскиот сојуз за промени.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
