Македонија
15. January 2024 - 12:32

Мониторинг мисија на Унеско во февруари повторно во посета на Охрид

Во февруари мониторинг мисијата на Унеско на терен ќе испитува колку од препораките за заштита на Охридскиот регион се исполнети. Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска вели дека најголемиот дел од ингеренциите ги имаат општините Охрид, Струга и Дебарца. Преку новиот софтвер направен од НП Галичица се скенира целиот терен кој треба да покаже дали има и нема дивоградби.

Законот за легализација на бесправно изградените градби повторно е повлечен од собраниска процедура токму поради забелешките од националната комисија на Унеско.

Уривање на дивоградби и ограничување на градбите во старото градско јадро се само дел од задолженијата што им ги даде Владата на надлежните институции по препораките на УНЕСКО.

Министерката за култура посочи дека само нашето непостапување по препораките ќе биде причина за впишување на Охридскиот Регион во загрозено светско природно и културно богатство.