Втор ден протестираат земјоделците во Германија
Втор ден германските земјоделци протестираат поради губењето на субвенциите за дизел гориво искористено во земјоделството и во производствоот на храна. . Колони трактори и земјоделски машини го болокираат сообраќајот на берлинската обиколница и околу градот Бернбург во сојузната покраина Саксонија Анхалт. Земјоделците бараат владата да се предомисли и да ја поништи мерката која предвидува даночните олеснувањата за дизелот постепено да се укинат во рок од три години. Од 2027 година веќе не би требало да има субвенции за дизелот.
„Протестираме за нашите барања, на мирен начин како што некој би направил. Бараме од нашата влада да води соодветна политика за нас земјоделците и за сите останати во оваа држава. Сакаме да се задржи даночното ослободување за земјоделски возила и да се задржат во целост субвенциите за земјоделскиот дизел вели фармер од Свистал, Хубертус Круп.
Намалување на субвенциите за дизелот за земјоделците се најдоа на листата на мерки за штедење откако уставниот суд ја принуди владата да најде зештеди во буџетот за 2024 година.
-Ние во германската влада покажавме добра волја кон земјоделците. Ќе го задржиме суштинскиот дел од субвенциите -даночното ослободување за земјоделските возила и чекор по чекор намалување на субвенциите за земјоделскиот дизел.. Притисокот за штедење по одлуката на Уставниот суд постои. Бевме принудени да заштедиме милијарди евра ад хок вели германскиот министер за економија, Роберт Хабек.
Протестната акција на земјоделците ќе трае една недела а големиот собир е закажан во Берлин на 15 јанури. На вчерашните проетстите, според проценките на полицијата имало над 100 000 трактори кои го блокирале сообракајот во земјаата. На земјоделците им се придружија возачи на камиони и мали трговци. Во среда на проетсти излегуваат и работнците во железницата со барање за повиски плати.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
