Преглед на вестите од светот
Досегашниот министер за образование Габриел Атал е назначен за нов премиер на Франција, ден откако Елизабет Борн поднесе оставка, Со 34 години Атал е најмладиот премиер во модерната француска историја, и првиот премеир на Франција за кој се знае дека е геј. Тој е близок сојузник на претседателот Макрон и е еден од најполуларните политичари во ФРанција.
Амерканскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој е во посета на Израел од претседателот Исак Исак Херцог и премиерот Бенјамин Нетањаху побара да направат повеќе за зашиттиа на цивилите и олеснување на испораката на хуманитарна помош во поајсот Газа. Херцог, се пожали за тужбата поднесена од Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата во која се обвинува Израел за геноцид врз Палестинците во Газа, нарекувајќи го обвинението „грозоморно и глупаво . Премиерот Нетањаху на средбата со Блинкен објавиа дека изарелксата војска деновиве накратко ке ги пазуира воените активности во дел од централна Газа, за хуманитрани цели.
Службата на ЕУ за климатски промени „Коперникус“ денеска потврди дека минатата 2023 година била најтоплата година од 1850 година. Коперникус“ открива дека 2023 година била во просек за 1,48 степени потопла од нивото пред индустриската доба кога луѓето започнаа да согоруваат фосилни горива во големи размери. научниците сугерираат дека 2024 година би можела да биде уште потопла, носејќи поекстремни временски прилики отколку ланската.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
