Македонија
7. January 2024 - 17:04

Камбовски и Менкиновски: Објаснувањето на судот за упадот во М-НАВ е скандалозно

Различни реакции предизвика објаснувањето на Кривичниот суд за тоа зошто не одредил мерка притвор за осомничените за упадот во кулата за контрола на летање, меѓу кои е и Беким Незири, екс-министер, поранешен директор и актуелен претседател на чаирскиот огранок на владејчката ДУИ.

Судот тврди дека обивнителството не дало доволно докази дека делото навистина е направено од осомничените и дека има тешки последици по безбедноста на авиосообраќајот. Нема збор за тоа дали псотои опасност од бегстство или влијание врз сведоци и самата постапака, како што вообичаено се цени во оваа претходна постапка.

Професорот по казнено право и главен реформатор на Кривичниот зкаоник вели дека образложението на Судот е неосновано.

ТЕЛОП КАМБОВСКИ „Тој што го напишал ова образложение на Судот под итно треба да биде разрешен бидејќи очигледно не го познава казненото право, не го познава битието на самото кривично дело“

Според адвокатот Менкиноски, Судот дава различни интерпретации во различни слуачи и дека овој пат мотивите да не одреди притвор се етнички и политички.

За разлика од Камбовски и Менкиновски, професорот по кривична постапака Калајџиев вели дека  судиите најсполе почнале да го применуваат Законот за најтешката мерка за обезбедување. Во Македонија пречесто се применува притворот, вели тој.

Професорот сепак тврди дека се работи за сериозен случај кој треба да биде разрешен.