Мерки за претпазливост наместо притвор?
Соодветни ли се мерките за обезбедување на присуство во истражната постапка што судот ги одредува кога како осомничени се јавуваат политичари?
Ова прашање се отвара откако синоќа судија на претходна постапка им одреди само мерка на претпазливост, наместо притвор на 4ца осомничени за упадот во М-НАВ, како што побара обвинителството.
Меѓу осомничените е и Беким Незири, екс министер и актулен претседател на чаирскиот огранок на ДУИ. Делото за кое се товарат е загрозување на меѓународен воздушен сообраќај и тоа со потешка квалификација за која е предвидена казна затвор од најмалку 5 години.
Адвокатите велат дека за вакви дела Судот вообичаено одредува притвор без збор, но сега е чудно што тоа не го сторил.
Дека поблагите мерки не даваат резултат е и случајот со Исмет Гури кој Суѕдот од притвор го пушти во кукќен притвор, но откако му ја врати псолната мерка за обезбедување полицајците не го најдоа дома за да го вратат во затворот Шутка.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
