Loading Video...
Свет
26. December 2023 - 20:02

Преглед на вестите од светот

Изгаснат е пожарот во трговскиот центар во Лушња, Албанија, 42 повредени

42 лица се повредени во пожарот што избвуна вчера попладне  во трговскиот  центар Метропол  во албанскиот град Лушња.  Меѓу  повредените има две деца и тројца пожарниакри.  Повеке од 9 часа им биле потребни на пожарникарите да се справат со пламените јазици кои се прошириле и на остатокот на 12 кантицата, во која се сместени и станови за домување. Во гаснењето  учестувал и хеликоптер а  војската помагала  во евакуацијата на станарите.  Доправа треба да се открие која е причината за пожарот.

 

Без инциденти осмиот протест во Белград

Синоќа во Белград се оддржа осмиот протест на опозициската коалиција  Србија против насилството  која не ги прифаќа изборните резултатите од парламентарните  и локалните избори  оддржани на 17 декември.  За разлика од неделата, вчерашниот протест заврши мирно без инциденти . За вечерва е најавен  нов  протест пред седиштетот  на државната изборна комисија.  Опозицијата обвинува дека спрската напредна партија победила  на изборите со измама и бара нивно поништување. Републичката   изборна комисија  донесе одлука за повторување на изборите за пратеници на неколку изборички места. Прегласувањето нема да влиаје на резулатот од изборите соопшти Српската напредна партија.

 

Четири деца и нивната мајка убиени во Франција на Божик

Француската полиција уапси маж осомничен за убиство на сопругата и четирите деца во напад со нож на Божик утрото, соопшти јавниот обвинител. Нивните тела биле пронајдени во вреча  вечерта во крвав стан во градот Мо, 40 километри североисточно од ПАриз. Децата биле на возраст од девет месеци до 10 години. Соседите им кажале на инспекторите дека слушнале врисоци во раните утрински часови на Божик. Тревогата била подигната подоцна во текот на денот, откако не добиле никаков одговор од семејството.  Мажот имал историја на ментална болест, рече обвинителот. Тој веќе ја нападнал сопругата со нож во 2019 година. Сопругата не поднела обвинение, а случајот потоа бил отфрлен поради неговото ментално здравје.

 

Русија потврди дека украинските сили го погодиле нејзиниот десантен брод „Новочеркаск“

Едно лице загина, две се повредени а руски десантен брод беше оштетен во украинскиот воздушен напад врз пристанишниот град Феодосија на Крим објави руското Министерство за одбрана. Се работи за бродот Новочеркаск на Црноморската флота, кој може да носи различни видови оклопни возила, вклучувајќи тенкови. Благодарение на нашите пилоти, руската флота станува се помала  и помала соопштија украинските воздушни сили по последниот напад. Руската армија пка соопшти дека ја презеле контролата над градот Маринка во источна Украина.