Македонија
13. December 2023 - 16:35

Можно е ДИК до избори да остане без еден член од опозицијата - Власта го проблематизира предлогот на БЕСА

Државната изборна комисија многу веројатно претседателските и парламентанрите избори во мај ќе ги тера со нецелосен состав откако денеска власта во Комисијата за избори и именувања го проблематизираше предлогот на албанската опозиција Абдуш Демири да биде нов член на ДИК. За СДСМ и ДУИ Демири не може да биде член на ДИК бидејќи тој бил.

Како релевантен доказ за тоа ја земаат неговата биографија што ја приложил во Собранието самиот навел дека е генерален секретар на БЕСА, наспроти тврдењето на неговата партија.

Пратеникот од БЕСА Фадил Зендели пак, остро реагираше на ваквите тврдења на власта. Тој ја покажа оставка на  Демири, но и нотарска изјава дека не е член на партија што била примена во парламентот кога се јавил на огласот за член на ДИК. За опозициската ВМРО – ДПМНЕ потегот на власта значи проблематизирање на изборите.

Од кабинетот на Џафери засега без одговор дали Собранието примило нотарска изјава од Демири дека не е член на партија, и ако да тогаш кој ја тргнал од поднесените документите за огласот.

Демири требаше да седне во ДИК на местото на Кренар Лога кој на ова место беше како претсваник на Алијанса на Албанците кога таа беше во опозиција. Од местото не се откажува ни партијата на Таравари.  Собрнаискиот спикер Џафери веќе најави дека нецлосна изборна комисија немало да го наруши процесот бидејќи одлуките во ДИК се носеле со мнозинство гласови. Од друга страна, пзонавачите велиат дека ако албанската опозиција нема член на ДИК тоа ќе значи дека нема да имаат свои претставници и во избирачките одбори, а може да има последици и во распределбата на парите за финансирање на изборите.