Техничка влада во јануари, политичка во јуни - Џафери ги скрои пресметките за избори на 8 мај
Техничката влада со премиер Aлбанец што ќе ја замени политичката влада на Ковачевски треба да биде избрана крајот на јануари ако изборите се на 8 мај.
Пресметката на собранискиот спикер Џафери покажува дека во тој случај изборите би биле распишани крајот на февраури, новата политичка влада граѓаните треба да ја очекуваат до крајот на јуни.
Но, пред да се формализираат овие рокови, Џафери вели дека партиите треба да седнат на заедничка маса во парламентот и тоа во првата половина на декември. Се уште не добил никакво официјално барање за тоа.
И опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува покана за средба, која ја најави и премиерот Ковачевски.
И додека датумот на изборите се уште не се формализира, партиите на терен веќе по трка за гласови и можни постизборни комбинаторики.
По викендашката промоција на Мицкоски за дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за избори, промотивни настани и мерки и кај владејачките партии. Ковачевски критичен за ветувањата на опозицијата за пензиите.
Албанската опозиција пак, на Меџити, Касами и Гаши се уште тактизира за тоа дали би влегле во можна идна владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но сигурна е дека нема да биде во иста влада со ДУИ.
Албанската тројка се уште смета дека испразнетото место во ДИК и следува нејзе.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
