Македонија
14. November 2023 - 12:22

Пензионерите со најниски пензии едвај го преживуваат месецот

Струшките пензионери особено оние со минимални пензии едвај преживуваат. Секојдневно расте бројот на оние лица кои бараат помош од здружението на пензионери за лекови кои што ги одржуваат во живот ,храна,огревно дрво и сметки тие велат дека се оставени на раб на егзистенција и неможат да си ги подмират ниту основните трошоци.

Се жалат и оние кои имаат повисоки пензии од минималната, бараат зголемување и достоинствени пензии.

Пензионери од повеќе градови од државата речиси секојдневно на протести во сопствените градови ги искажуваат своите барања и незадоволството од висината на нивните пензии.Бараат линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, како и минимална пензија од 20 илјади денари.