Двегодишно дете почина во Охрид - детето донесено во болница без знаци на живот
Судска медицина ќе ја утврдува причината за смртниот случај во Охрид на дете од година и единаесет месеци.
Од МЗ потврдија дека детето денеска во 07.12 часот било донесено без знаци на живот во Охридската болница.
На одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид, денеска во 07:12 часот од страна на службата за Итна медицинска помош, донесено е дете од година и единаесет месеци без знаци на живот. Од страна на анестезиолошки тим веднаш е пристапено кон реанимација, но истата е без успех. Причината за смрт ќе ја утврдува судска медицина, информираа од Министерството.
Детето било донесено во тешка здравствена состојба како резултат на претходни заболувања , кај кое по реанимацијата била констатирана смрт без траги на насилство, посочија во соопштението од СВР Охрид.
Сеуште не се знае од што починало ниту пак се знае за историјата на болеста и дали и претходно било лекувано во Охридската болница. врз телото ќе биде извршена обдукција за да се утврди од што починало.
Инаку Детското одделение во охридскта болница , поради недостиг на педијатри веќе подолг периoд работи само како дневна амбуланта, а децата во ноќните часови, викендите и празниците на прегледи и за хоспитализации се препраќаат во болницата во Струга.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
