МНР: Македонското семејство евакуирано од Газа
Во текот на вчерашниот ден тројца македонски државјани, татко и две деца по неколкунеделни напори се евакуирана од Појасот Газа. Македонското Министерствто за надворешни работи соопшти дека тие безбедно ја напуштиле завојуваната област и во придржба на вршителот на работи во македонската амбасада во Каиро Елма Алторок се упатиле кон Каиро, од каде ќе го продолжат патувањето за Македонија.Со нив преку граничниот премин Рафах е евакурана и мајката на децата, која има палестинска патна исправа.
Во Газа има уште двајца наши граѓани, брачен пар кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуаиција. Нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка кој дел од Газа е најпогоден, а со тоа и потребата за итна евакуација на странските државјани велат од МНР.
Војната помеѓу Израел и Хамас влезе во 28 ден. Израелската армија објави дека го завршиле опкружувањето на градот Газа и дека ја напаѓаат инфраструкуртурата на Хамас. Во Израел, по втор пат за еден месец е државниот секретар на САД. Блинкен на средбата со премиерот Нетањаху ја повтори американската поддршка за Израел во борбата со палестинските милитанти, но рече дека е важно да се направи се за да се заштитат цивилите фатени в вкрстен оган создаден од Хамас. Нагласи дека помошта мора да стигне до граѓаните на појасот на кои очајно им е потребна. Борби има и на северна граница со Либан каде израелската армија е во судир со борците на Хезболањ. Се обрати и првиот човек на либанска милитантната група, за прв пат од почетокот на војната Израел-Хамас на 7 окотмври. Хасан Насралах го пофали Хамас за нападот и рече дека Израел си поставил премногу високи цели кога станува збор за обидот да го уништи Хамас и да ги избрише неговите водачи. Израел го предупреди Хезболах дека жестоко ќе одговори доколку одлучи да се приклучи на војната.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
