Охридскиот регион остана на листата на УНЕСКО, но невладините велат дека препораките се спроведуваат само на хартија
По одлуката на конитетот на Унеско во Ријад дека охридскиот регион останува на листата светско природно и културно наследство ,струшките невладини велат дека спроведување на препораките има само на хартија .Тие реагираат и на новиот предлог закон за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје - Споменик на природата.
Добрите познавачи пак сметаат дека доколку регионот беше ставен на листата загрозени подрачја тоа би значи поголема заштита и контрола во иднина.
Одлуката следи откако УНЕСКО во својот извештај во 2021 година детално ги посочи сите неправилности околу грижата и заштитата на Охридскиот езеро и во Македонија и во Албанија. Во извештајот се бараше забрзано спроведување на десетици препораки упатени до властите , меќу кои и уривање на веќе изградените дивоградби и почитување на мораториумот за градба на крајбрежјето во спротивно како што беше посочено охридскиот регион ќе се најде на листата на светско наследство во опасност.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
