Loading Video...
Свет
11. September 2023 - 16:33

Земјотресот во Мароко одзеде најмалку 2500 животи, потрагата по прежиевеани продолжува

Во Мароко продолжува битката за човечки животи. Спасувачки екипи и локалното население неуморно работат да пронајдат прежиевани под урнатините од земјотресот во петокот. До некои села во близина на епицентрот во планините Атлас не може да стигне тешката механизација бидејќи патиштата се блокирани од камења, па се пребарува со голи раце или лопати.

Прежиеваните се жалат дека многу малку или воопшто не добиле помош од владата во храна, вода, лекови, ќебиња, шатори. Снимки напреваени од воздух ја покажуваат моќноста и јачината на потресот кој одзеде најмалку 2500 животи. Мароканската влада соопшти дека досега прифатила помош од четири земји - Велика Британија, Шпанија, Катар и ОАЕ а ја одбила помшта од Франција.

Двајцата македонски државјани кои беа евакуирани во камп во Маракеш веќе се пристигнати во Мадрид, тие се во добра здравствена состојба и во скоро време се очекува нивно упатување кон дома, велат од МНР. Од таму додаваат дека во изминатите два дена нема нови пријави за наши државјани во Маракеш и најавија дека продолжува комуникацијата со надлежните институции во Мароко, за евентуални други македонски државјани.