Loading Video...
Свет
3. September 2023 - 16:30
Заглавени 70.000 учесници на фестивалот „Брнинг Ман“ поради невреме
Повеќе од 70.000 учесници на фестивалот„Брнинг Ман“ кој се одржува во американската сојузна држава Невада, остануваат блокирани на откако областа ја зафати невреме со силен дожд. Настанот кој се одржува во пустината Бек Рок со години се претвори во вистински хорор обилните дождови пустинскиот песок го претворија во кал и глина. Сите патишта до местото се затворени затоа што возилата едвај возат по нив. Организаторите на фестивалот побараа од илјадниците гости да штедат храна, вода и гориво, а влегување и излегување од кампот е забрането.
Проценките се дека за само 24 часа наврнал дожд кој вообичаено би паѓал во период од 2 – 3 месеци.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
