Loading Video...
Свет
27. August 2023 - 16:41

Пригожин е официјално идентификуван како жртва во авионската несреќа во Русија

Генетските тестови потврдија дека Евгениј Пригожин, шефот на платеничката група Вагнер, бил меѓу 10-те лица загинати во авионска несреќа во средата, објавија руските истражители. 
- Во рамките на истрагата за авионската несреќа во регионот Твер, завршени се молекуларните генетски испитувања. Според нивните резултати, утврден е идентитетот на сите 10 загинати, тие одговараат на списокот наведен во листот за летот, изјави портпаролката на рускиот истражен комитет Светлана Петренко.

Во авионот беа тројца членови на екипажот и седум патници. Покрај Пригожин и останатите патници биле важни луѓе во платеничката војска. Путин како апсолутна лага ги оцени наводите дека Пригожин бил убиен по негова наредба и рече дека ќе биде спроведна темелна истрага за несреќата која се случи два месеца откако најмоќниот руски платеник го  предводеше бунтот против руските вооружени сили. Шефот на Кремљ тогаш потегот го нарече предавство, но потоа се сретна со Пригожин и го аменстираше, иако останаа сомнежите дека ќе мине неказнато.

Американски воен авион утрово се урна во Австралија при шти загинаа тројца американски маринци, а 23 се повредени. Авионот се урнал на ретко наслениот остров Мелвил за време  на заедничка американско – австралиска воена вежба. Австралиските власти сооштија дека веќе е започната истрага за причините за инцидентот. 

Белец вооружен со пушка и пиштол убил тројца Афроамериканци пред да си ги одеземе животот. Пукањето се случило вчера попладне во продавница во Џексонвил, Флорида. Три лица се убиени во расно мотивиран напад. Убиециот имал нацртани кукасти крстови на пушката а пред злочин објавил пораки дека сака да убива афроамериканци дека сака да убива Афроамериканци, соопшти локалниот шериф.

Изборниот штаб на Доналд Трамп соопшти дека се собрани над 7,1 милион долари од четврток наваму кога екс претседателот на САД беше фотографиран во затворот во Џорџија. Како што се наведува, најголемиот дел од парите е од продажбата на предмети поврзани со фотографијата на Трамп од затворот отпечатена на нив, како маички, шолји и термоси .Инаку, Трамп беше пуштен со кауција да го чека судењето под обвинение дека се обидел да ги поништи изборните резултати во Џорџија во 2020 година.