Агелер: Се надевам дека политичарите од сите партии ќе работат кон остварување на членството во ЕУ
Граѓаните да им кажат на политичарите дека сакаат Македонија да биде дел од Европската Унија. Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Агелер која денеска беше на Граничниот премин „Богородица“ вели дека не сакаше да го коментира процесот за уставните измени поради тоа што е претставничка на држава која не е членка на Унијата.
Според Агелер, граничниот премин со Грција потсетува на тешките одлуки кои Македонија морала да ги направи заради интеграција во НАТО.
-Ги охрабрувам граѓаните да им дадат до знаење на нивните политичари дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ.
Агелер вели дека Македонија ја гледа интегрирана во Европската Унија и според неа, тоа е најдоброто решение за државата.
-Кога ја гледам оваа граница и оваа раздвиженост на автомобили сметам дека просперитетот и безбедноста на оваа држава е во интеграцијата во Европа и се надевам дека политичарите од сите партии во оваа држава ќе работат на тоа, вели Агелер.
Дипломатски претставници од повеќе европски држави пред еден месец доаѓаа во убедувачки мисии во Скопје со цел да ја убедат опозицијата дека откако уставните измени ќе се спроведат Македонија нема да се соочи со нови блокади и барања од Софија.
Но и покрај високите претставници, ВМРО-ДПМНЕ не даде поддршка на уставните измени по што собранискиот спикер, Талат Џафери ја прекина седницата и засега не е јасно кога ќе се гласа за промени на Уставот.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
