Зеленски: И други европски држави може да бидат во опасност од воена агресија, ако успее руската инвазија
Ако руската инвазија биде успешна и други европски држави ќе бидат во опасност од воена агресија, предупреди украинскиот престедател Зеленски во говорот во данскиот парламент.
Ден откако Данска и Холандија објавија дека до крајот на годината ќе му обезбедат на Киев борбени авиони Ф-16 од американско потекло, Зеленски вели дека само со ваква соработка и помош Украина може да ја добие оваа војна.
,,Русија ќе ја изгуби оваа војна. Но, ова не е, не е единствената главна работа. Главната работа е она што го докажуваме со нашата победа, со нашата соработка - што вие докажувате дека ја поддржувате Украина. Заедно докажуваме дека животот има вредност, дека луѓето се важни, слободата е важна, Европа е важна“, рече Зеленски
Нова трагедија во Босна и Херцеговина. 58 годишен маж во Живинице си ја убил сопругата па се самоубил. Тамошните медиуми пишуваат дека мажот и жената живееле со вонбрачна заедница, жената доцна синоќа се вратила од свадба на ќерката во Германија.
Трагедијата доаѓа десет дена откако 35-годишната Низама Хеќимовиќ беше убиена во Градачац од нејзиниот поранешен партнер, кој потоа уби уште двајца мажи, рани три лица, а во крај исто така се самоуби.
Едно лице го загуби животот, пет села во близина на границата со Турција се евакуирани, меѓу кои и туристи, по шумскиот пожар што избувна во Беотија, на 100 километри северно од Атина, соопштија грчките власти.
Нов пожар изби и на Евија, а трет ден пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот во близина на Александруполи во североисточниот дел на Грција.
Дополнителна помош испраќа и Европската унија. Преку својот механизам за цивилна заштита Брисел соопшти дека во Грција испраќа романски противпожарен тим од 56 пожарникари и 10 возила, како и два авиони за гасење пожари од Кипар.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
