Македонија
20. August 2023 - 16:32
Туристичките работници од Охрид очекуваат сезоната да продолжи до крајот на октомври
Туристичката сезона во Охрид сеуште е во полн ек.Туристичките работници и хотелиерите очекуваат исполнетост од околу 80 проценти до крајот на месец октомври,продолжени се летовите на тур операторите од Британија,Полска и Холандија а најави има и за балканските тури кои на неколку дена остануваат во нашата земја.
Добрите познавачи очекуваат и продолжување на сезоанта ,голем е бројот на странските туристи кои сакаат да одмараат на брегот на езерото вон сезона
Инаку според статистичките податоци во периодот јануари – јуни , во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 30.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.8 %, а кај странските има зголемување за 46.8 %.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
