Пациентите со механичка поддршка на срце бараат трансплантација
Секојдневието нa пациентите со механичка потпора на срцето им е борба за живот .Тие бараат трансплантација на срце бидејќи како што велат тоа е единственото трајно решение кое за нив живот значи.Пумпите приклучени на батерии кои ги носат во градите се со ограничен век па поради тоа неопходно е ставање во функција на владиниот авион со кој би се донел експерт од странство за извршување на овој зафат.
Во земјава од 25 останаа само 10 тина лица кои чекаат трансплантација на срце соочени со секојдневна битка и живот во неизвесност.Секоја недела имаат преврски, проверка на електрониката, контроли и еден куп лекарства.
На Светскиот ден на органодарителството, се делеа едукативни флаери за подигнување на свеста кај населението да ги донираат своите здрави органи по смртта и со тоа да спасат животи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
