Стружани и оваа сезона се жалат на преголема гласност од угостителските објекти
И ова лето бучавата во Струга не ги поштеди стружани и броните туристи. Гласна музика и врева се слуша од угостителските објекти ,но и од бројните свадби и други свечености кои овој период ги прават печалбарите од странство.Екологистите велат дека ваквата состојба во градот на мостовите станува традиција владее безредие во однос на непочитувањето на јавниот ред и мир.
Граѓанските активисти бараат надлежните инспекторатот на терен да го решат овој проблем.
Согласно Законот за прекршоци оној што го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти и други технички уреди во периодот од 15 до 18 часот и после 23 часот до 6 часот наутро, ќе заработи глоба од 200 до 500 евра, а за правно лице предвидeна е казна од 500 до 1.000 евра.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
