Македонија
4. August 2023 - 12:14
Нема брод амбуланта во Охридското Езеро
И ова лето не функционира бродот амбуланта во водите на Oхридското Eзеро.Зголемениот број на интервенции, уште еднаш го актуелизира прашањето за вклучување на пловилото кое ќе придонесе за зголемување на безбедност на капачите и учесниците во водниот сообраќај и пренос на пациенти.
Градоначалникот Пецаков смета дека овој проблем неможе да се реши преку ноќ,можно решение гледа во проширување на дејноста на Планинската Спасителна служба.
Од Црвен Крст пак на став дека стојат и кадровски и логистички на расолагање за ставање во функција на пловило амбуланта, барем за време на летната туристичка сезона.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
