Македонија
3. August 2023 - 12:31
Едриличарите во Охрид бараат изградба на марина
Недостигот на паркинг места за бројните пловила во водите на Охридското езеро ја запре набавката на едрилици. Со децении се најавува изградба на марина, но од сето тоа сеуште ништо. Едриличарите велат дека Охрид има потенцијал за развој на наутичкиот туризам, но, потребна е соодветна инфраструктура.
Едриличарите посочуваат дека не е потребна голема, скапа и луксузна марина, туку едноставна, изградена од еко-материјали согласно препораките на УНЕСКО.
Доколку би имало пакринг за нивно соодветно сидрење би се зголемил и бројот на еко-пловила во водите на Охридското езеро.
Инаку едрилиците се доста атрактивни за странските туристи кои уживаат во погледот од другата страна на градот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
