Македонија
2. August 2023 - 17:35
Во Охрид се одржа 44-от Илинденски пливачки маратон на патеката Горица – Охрид
Во Охрид се одржа 44-от Илинденски пливачки маратон на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км.На кој зедоа учество преку 50 пливачи од земјава и странство.Евгениј Поп Ацев во машка конкуренција во групата постари од 16 години исплива прв до целта а во женска категорија најбрза беше Ивана Неделковска.
Во втората група пливачи од 8 до 15 години најбрз во машка категорија беше Петар Цеков додека во женска Сара Јанковиќ.
На овој маратон учество зеде и доктор специјалист по спортска медицина Бошко Илиев од Кавадарци на кого хоби му е маратонското пливање кое го практикува повеќе од 22 години.
Илинденскиот пливачки маратон на Охридското езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
