Македонија
31. July 2023 - 16:31

Една точка на застанување меѓу Албанија и Македонија на Ќафасан

Македонија и Албанија со заеднички граничен премин. Премиерите на Македонија и Албанија, Ковачевски и Рама го пуштија во употреба концептот „Оne Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан - Ќафтане.

Воведувањето на еден контролен пункт со заеднички  граничен премин – има за цел спроведување на поефикасни и олеснети гранични формалности, побрз проток на граѓаните од двете држави, но и на компаниите кои транспортираат производи на овој граничен премин. Премиерот Ковачевски потенцира дека меѓу двете земји зголемена е соработката.

Вицепремиерот Груби рече дека ова е само еден чекор кон надминување на сите пречки меѓу двете земји.

Премиерот Еди Рама подвлече дека на овој начин се овозможува поголем развој и на трговијата но и на туризмот.

- Овој е важен момент затоа што конечно значително го олеснуваме преминот во овој момент и даваме дополнителен поттик не само на комерцијалните размени, туку и на развојот на нашата трговија како целина, без да го заборавиме развојот на туризмот. Албанија оваа година доживува извонреден пакт за трансформација.

Премиерот Ковачевски најави дека се работи и на новиот Коридор 8 и на изградбата на железничка пруга меѓу Албанија и Македонија.

Инаку идејата за воспоставување на „Оne Stop Shop“ на Ќафасан почна во 2018 година,

Идејата за воспоставување на „Оne Stop Shop“ на Ќафасан почна во 2018 година, а протоколите за имплементација на проектот беа потпишани во ноември минатата година.