Loading Video...
Свет
31. July 2023 - 16:31

Четири загинати и 43 повредени во руски ракетен напад на зграда во украинскиот град Криви Рих

Најмалку 4 лица загинаа а 43 се повредени откако руски ракети утрово погодија станбена зграда и образовна институција во украинскиот град Криви Рих, соопшти министерството за внатрешни работи на Украина. Од таму додаваат дека  меѓу загинатите има и десетгодишно дете. Претседателот Зеленски кој израснал во Криви Рих, порача дека теророт нема да ги заплаши и да ги скрши. Ќе победиме во војната истакна Зеленски, потенцирајќи дека украинската контраофанзива оди добро. Кремљ демантира.

„Режимот во Киев е во многу, многу тешка ситуација. Специјалната воена операција продолжува. Очигледно е дека контраофанзивата не функционира според планираното во Киев“, изјави портпаролот на Кремљ.

Во меѓувреме шефот на украинската област Доњецк, поставен од Русија изјави дека четворица цивили загинале во утринското украинско гранатирање на градот Доњецк, кој е под руска контрола од 2014 година.