Македонија
24. July 2023 - 12:22
Струшката чаршија полека ја губи автентичноста
Урбаната и градежна експанзија во Струга се повеќе го намалува бројот на објекти кои претставуваа синоним за градот и атракција од минатото.Струшката чаршија го губи ликот наместо нејзина соодветна ревитализација старите мермерни плочки се заменуваат со несоодветни материјали.Активистите бараат зачувување на автентичноста.
Најфреквентното шеталиште кое го посетуваат бројни туристи е небезбедно и целото со дупки.
Кејот на Охридското езеро и реката Црн Дрим се преплавени од висококатници и објекти кои го нагрдуваат ликот на градот.
Активистите сметаат дека старото струшко јадро мора да се заштити со посебен закон.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
