Странски туристички водичи раскажуваат своја историја во Охрид
Се почеста е појавата на странски туристички водичи кои ја испревртуваат македонската историја.Иако согласно законот за туризам групите мора да бидат придружувани од локален водич сепак на локалитетите истите може да се забележат на секој чекор само со нивни водичи од каде што доаѓаат кои ги презентираат историските приказни на Македонија „според нивно видување“ или раскажуваат „митови и легенди , но прекроени онака како што се инструирани да го сторат тоа .
Ваквата појава не само што е нелојална конкуренција за нашите туритички водичи и влијае финансиски, туку се одразува и на квалитетот во работењето и презентацијата на земјава.
Оваа состојба која се толерира со години, влијае на намалување на бројот на домашни туристички водичи, бидејќи дел од нив ја губат работата.
Лиценцираните туристички водичи до земјава бараат од страна на инспекциските служби позасиени контроли во шпицот на сезоната.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
